Маж и жена испиле смртоносен коктел од лекови, но планот не успеал, па била обвинета за убиство

Денис (81) и Мавис Еклестон (80) одлучиле да умрат заедно кога ракот, од кој боледувал Денис, влегол во последната фаза.

Поради таа причина тие испиле мешавина од лекови и Денис починал, но лекарите ја спасиле Мавис која што потоа била обвинета за убиство на сопругот.

Парот бил во брак 60 години и имаат три деца. Во прошталното писмо долго 14 страни, напишале дека се одлучиле да си ги „скратат“ животите поради лошото здравје, злоставување и карање со комшиите.

Семејството тврди дека полицијата ја малтретирала Мавис во затворот, а нејзиниот син Кевин вели дека полицискиот началник му рекол како ќе направи „пример“ од неговата мајка

Мавис на суд изјавила дека на денот кога тие го испиле смртоносниот коктел, нејзиниот сопруг поради болките „викал како рането животно“ и дека тогаш се договориле како сето тоа ќе заврши.

„Ме молеше да му помогнам да умре и ми даде точни упатства како да го направам тоа. Му реков дека ако навистина одлучил тоа да го направи, одам и јас со него. Мојот живот е ништо без него и воопшто не ми беше гајле дали ќе продолжам да живеам. Да ме замоли Денис денес повторно, пак би го направила истото. Сакав да бидам со својот сопруг“, раскажала таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега