Маж брутално претепан во Скопје - починал на Клиника

Вчера во 13:18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал 66-годишниот С.М. од Скопје, кој бил примен на 03.08.2018 година во 08:30 часот.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. На 03.08.2018 година во 03:00 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 02:00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди(модринка на левото око и расекотина на десниот образ). По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за 43-годишниот А.Б. од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

12.08.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега