Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Р.А., на возраст од 40 години од село Марена, кавадаречко.
Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А, на возраст од 21 година, А.А.. на 19-годишна возраст и еден малолетник, од една страна и Р.А. и 38-годишната Ш.А., од друга страна, сите од село Марена.
Притоа, Р.А. со дрвен предмет го нападнал 21-годишниот А.А. и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница – Кавадарци. Предметот е пронајден и одземен, а Р.А. е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, појаснија од СВР – Велес.
- Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
- Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
- Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
- Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
- Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
- Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна
- Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат
- Ивица Дачиќ симнат од респиратор


