Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Р.А., на возраст од 40 години од село Марена, кавадаречко.
Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А, на возраст од 21 година, А.А.. на 19-годишна возраст и еден малолетник, од една страна и Р.А. и 38-годишната Ш.А., од друга страна, сите од село Марена.
Притоа, Р.А. со дрвен предмет го нападнал 21-годишниот А.А. и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница – Кавадарци. Предметот е пронајден и одземен, а Р.А. е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, појаснија од СВР – Велес.
Актуелно
- Одложено судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска: Се чека одлука за надлежното обвинителство
- Аларм од Вашингтон: Американските државјани итно да го напуштат Иран
- Едногодишна забрана за влез за Бугарин: Се обидел да влезе во земјава со „ладно оружје“ и провокативен материјал
- Струга: Го сопреле при рутинска контрола, па завршил во полициска станица
- Кривична пријава за поранешен заменик-градоначалник и вработен во Старо Нагоричане – исплаќале јубилејни награди за време на избори
- Охрид се простува од Кристијан Љушев: „Неговата работа сведочеше за искрена посветеност, чувствителност кон просторот и луѓето“
- УХМР со последни мерења во 10 часот: Македонија се уште е во длабок минус
- Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

