Маск се мајтапи на Твитер: Нека се јави кој е бот

По вчерашната дискусија со директорот на Твитер, Илон Маск денеска почна да се исмева и мајтапи со податоците на компанијата за бројот на ботови на својата мрежа.

Имено, Маск на Твитер објави анкета:


„Твитер тврди дека 95% од онлајн корисниците се вистински профили и вистински луѓе. Дали некој друг има такви искуства?“

Како одговор понуди две емоџи кои плачат од смеење и одговорот: „Кој? Јас? со емоџи на бот (робот), алудирајќи на огромниот број ботови на мрежата.

Речиси половина од луѓето одговориле со бот.

Маск веќе со денови изразува сомнеж за податоците на мрежата дека само 5% од корисниците се бот или лажни профили.

Таа информација влијаеше и на цената на договорот, па Маск посочи дека ќе ја намали бројката за која ја купува мрежата бидејќи е „во многу полоша состојба отколку што тврдеа нејзините официјални лица“.

17.05.2022 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега