Маск повеќе не е втор најбогат човек на светот: Кој е човекот кој го престигна на листата?

Основачот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Маск повеќе не е вториот најбогат човек на светот, пренесуваат медиумите.

Богатството на Маск сега е „помало“ за 6,2 милијарди долари, што го спуштило на третото место на листата на Форбс на најбогати луѓе на светот.

Падот на богатството на Маск започна во средата кога загубил речиси 6,5 милијарди долари. Тој беше на третото место некое време, но потоа промената на пазарот „закрепна“ и го врати на второто место.

Сепак, како што пренесува „Enterpreneur“, акциите на „Tesla“ паднале за пет проценти. Богатството на Маск сега се проценува на 150, 9 милијарди долари.

Иако ова може да биде нормално однесување на пазарот и можно е да се врати истото во иднина, Маск засега мора „круната“ за второто место да му ја предаде на Бернар Арно, сопственикот на конглометарот „LVMH“, со богатство од дури 154,3 милијарди долари.

Во групата на „LVMH“ спаѓаат повеќе 70 луксузни брендови: Луј Витон, Кристијан Диор, Фенди, Живанши, Фенти Бјути, Сефора...

До пред еден месец, на првото место на листата најбогати луѓе беа Илон Маск и Џеф Безос кои што ги менуваа позициите.

Меѓутоа, сега Безос му „бега“ на Маск за речиси 25 милијарди долари, поради тоа што неговото богатство моментално се проценува на 175,4 милијарди долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега