Машки хороскоп: Како изгледа жената од соништата за секој хороскопски знак?

За каква жена сонува секој од хороскопските знаци? Хороскопот ни дава одговор какви жени сакаат мажите.

Овен

Мажите родени во овој знак сакаат независна жена. Гламурозниот изглед и згодното тело им се помалку важни. Сепак, сакаат атлетски градена жена која сака да спортува.

Бик

Тие сакаат жени на кои им е важна традицијата и кои имаат добри манири. Обожаваат жената да располага добро и мудро со своите финансии, и за нив е важен квалитетот многу повеќе од квантитетот.

Близнаци

Овие мажи сакаат жена која сака авантури и жена која е екстровертна и забавна. Освен тоа, сакаат и долги интелектуални разговори, па важно им е и нејзиното образование.

Рак

Ним воопшто не им е важна кариерата на жената. Наместо тоа, сакаат грижлива партнерка која се грижи за семејството, која е нежна и емоционално интелигентна.

Лав

Довербата и шармот им се две најважни карактеристики. Освен тоа, сакаат жена која внимава на својот изглед, но и која е самоуверена и точно знае што сака.

Девица

Овие мажи се посветени и многу мажествени. Тие сакаат работите да ги имаат под своја контрола, бидејќи не се многу спонтани. Неизмерно им е потребен мир и сакаат кога жената се прилагодува на нив и нивните потреби. Спремни се малку да попуштат, но само многу малку.

Вага

Вагите сакаат љубезна жена која е грижлива и нежна. Сакаат и жена која има одличен стил и која внимава на себе, но и која се изразува интелигентно.

Шкорпија

Тие сакаат таинствени жени кои точно знаат што сакаат. Сакаат мистериозност, но и жена која целосно им е посветена ним.

Стрелец

На мажите родени во овој знак им е важно добро да се забавуваат со жената. Сите други нешта се неважни за нив. спонтаноста, љубезноста и одлучноста се клучни карактеристики со кои може некој да ги освои.

Јарец

За Јарците идеална е онаа жена која е ориентирана на кариерата. Годините не им се воопшто важни, но кога би требало да избираат, би избрале жена која е постара од нив.

Водолија

Жената која тие ја сакаат е храбра и полна со самодоверба. Тие се среќни кога можат на сите гордо да им ја покажат личноста која ја сакаат.

Риби

Мажите родени во овој знак сакаат мирна партнерка која креативно се изразува. Ним им е важно да ја покажат жената за да имаат и можност да ја заштитат. Емоциите се на прво место за нив.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега