Масакр во Кина: Убил шест лица поради расправија на работа

Полицијата во кинескиот град Шангај денеска уапси еден 62-годишен маж, кој е осомничен за убиство на шест лица.

Полицијата информира дека осомничениот, кој бил вработен во приватна хемиска фабрика во шангајското индустриско предградие Баошан, ги извршил убиствата поради „работен спор“. Меѓу убиените се четворица негови колеги, еден такси возач и стражар во воена касарна.

Осомничениот убиец, кој е идентификува само по презимето Фан, синоќа прво до смрт претепал еден свој колега, по што заминал дома да ја земе неговата ловечка пушка за која немал дозвола.

Враќајќи се кон фабриката застрелал еден такси возач и му го украл возилото, а потоа убил е еден стражар во касарна, на кого му ја одземал пушката.

Така вооружен, Фан упаднал во фабриката, каде убил уште двајца колеги и својот шеф.

Полицијата го уапсил Фан шест часа по првото убиство. 

најчитано сега