Марковски: Загрижувачка е смртноста во Македонија, има грешки во лекувањата

Доктор Вело Марковски, вечерва во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека недостатокот од скрининг кај децата ќе не чини многу во наредниот период, како и тоа дека загрижувачка е смртноста во Македонија, каде има многу грешки во лекувањата на пациентите.

-Ние не направивме скрининзи кај децата и тоа многу ќе не чини во следниот период, дали тие имаат антитела, дали случајно прележале коронавирус, и ако децата не се разболуваат тие не можат ни да го пренесат вирусот, вели професорот Марковски.

Тој истакна дека не постои механизам детето да го фати вирусот дома и да пренесе, значи треба да се разболи или да се инфицира за да го пренесе на возрасните, а ПиСиАр (ПЦР) методата не е добра за масовни тестирања и не е дава добри резултати .

-Смртноста во Македонија е загрижувачка и се прават многу грешки во лекувањата, од една страна се трвди дека има пораст на ковид инфекцијата, но најмалку 80 до 90 проценти од пациентите се третираат со два до три антибиотика, што едно со друго не оди, ако се третираат со антибиотици тогаш станува збор за бактериска инфекција, мора да се лекуваат доктринарно пациентите, смета доктор Марковски.

Професорот истакна дека смртноста во Македонија од 333 случаи на милион жители е многу висока,во регионот е застрашувачки многу висока, една Грција има 33 случаи по милион жители што од нас е десет пати помалку, Албанија, Бугарија, се над 100-110, Србија е со 80 случаи. Само осум држави во Европа на милион жители имаат повисока смртност од Македонија и од 215 држави во светот само 18.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега