Марковски: Со затворање не правиме ништо - КОВИД19 не е карантинска болест

Вело Марковски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ утринава гостуваше на телевизија 24, каде истакна дека бројката на заразени од Ковид-19 во Македонија е доста висока и алармира.

Комисијата за заразни болести и другите структури на почетокот тврдеа дека бројката во Македонија ќе достигне до 2.000, но ние за една недела имаме околу 2.500 заболени.

-Многу податоци фалат, за да се извлечат релевантни заклучоци за да предвидиме што ќе ни се случува следниот период тоа ни е битно, а тоа што беше видовме. Тоа што беше исто така треба да се анализира. Значи сега што е можно, можно е овие бројки да се должат на најмалку две работи, едната работа е да ни се случува тоа што е всушност Ковид-19, 2.500 имаме за една недела, а пред тоа Комисијата и сите структури тврдеа дека ќе се бориме да немаме повеќе од 2.000 случаи за цела епидемија. И некако не им се допаѓаше кога кажувавме, и јас кажував дека горно респираторна инфекција не може да се ограничи“, истакна Марковски.

Тој додаде дека втора работа е тоа што не е карантинска болест, не треба да се преземаат карантински мерки. Трето, можеби Македонија требаше да оди по шведски модел, бидејќи денес Шведска брои нула заболени од КОВИД-19. Македонија за неколку месеци брои доста голема бројка од заболени од Ковид-19.

-Втората опција зошто имаме волку голем број реално ни фалат бројки на цело време истакнувам позитивни си се позитивни, но ни фалат бројки на луѓе со симптоми. Колку се болни, да видиме дали тука имаме пораст, рече Марковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа