Марко се вратил до соба да земе нешто, па настрадал на тераса - детали за смртта на синот на познатиот пејач

 

Телото на 24-годишниот Марко Маринковиќ, син на пејачот Тома Маринковиќ, кој трагично настрада после пад од тераса во Шпанија, ќе биде донесено во Србија за седум до 10 дена, пишува српски Курир.

Момчето настрада во неделата утрината, кога бил на размена на студенти во Шпанија, а токму тој ден требало да се врати во Србија.

-Никој од семејството нема да оди во Шпанија. Наводно, кобното утро, студентите ги изнеле работите пред хотелот, а Марко рекол дека мора да оди до соба да земе уште нешто. Меѓутоа, кога отишол на тераса, под неразјаснети околности паднал. Шпанската полиција оваа смрт ја третира како несреќен случај - пишува српски Курир, повикувајќи се на свој извор.

 

 

 

08.11.2018 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега