Марија е исчезната цели три дена: Семејството очајно моли за помош

Веќе три дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од село Босилово живее во агонија, откако младата жена излегла од дома во саботата, во раните утрински часови, и и се изгубил секаков траг, пренесува „Фокус“.

 

Нејзиното исчезнување го пријавиле во полиција, но апелираат до сите граѓани кои можеби ја забележале или пак имаат било какви сознанија околу тоа каде би можела да биде, веднаш да ги известа

Од „Фокус“ наведуваат дека стапиле во контакт со нејзината мајка Валентина, која возменирена рекла дека Марија е сопруга и мајка и дека досега се нема случено нешто вакво.

-Три дена не знаеме ништо. Кога излегла од дома била облечена во тренерки во темна боја, не знаеме дали на нозете имала патики или пак влечки. Сите документи и се дома, го оставила и мобилниот телефон. Марија има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба… Таа е фамилијарна личност, никогаш не би го оставила детето, сите сме вознемирени. Ја замолуваме јавноста, доколку било кој ја забележи, веднаш да не извести или пак да се јави во полиција. Случајот го пријавивме и во полицијата, молиме за помош – рекла мајката.

Граѓаните кои имаат информација поврзана со Брзакова да се јават во полиција или пак на телефонскиот број на семејството 070 447 338.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 20:18
Фото: 
Фокус

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега