Маричиќ-Маровиќ: Црна Гора е наш значаен регионален партнер на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ вториот ден од работната посета на Париз го започна со средба со вицепремиерката за надворешни политики за ЕУ интеграции и регионална соработка на Црна Гора, Јована Маровиќ, на која разговараа на повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на напредокот на двете земји во реформите и процесот на евроинтеграција. 
- Северна Македонија и Црна Гора делуваат европски со иста цел- полноправно членство во ЕУ. Црна Гора е наш важен регионален партнер на патот кон европската интеграција, истакна вицепремиерот Маричиќ. 
На средбата Маричиќ и Маровиќ разговараа за европската агенда и регионалната соработка, потврдувајќи дека двете земји посветено работат на трансформација на општеството, градено врз европските вредности и стандарди и дека цврсто чекорат на вистинскиот пат.  Маровиќ истакна дека иднината на двете земји е заедничка и иста- полноправно членство во Европската Унија. 
Маричиќ на средбата ги потврди одличните билатерални односи кои ги имаме со Црна Гора, кои постојано се развиваат и усовршуваат, а најави и дека соработката на полето на европските интеграции во следниот период ќе се интензивира. 
- Од голема корист ќе бидат размената на искуства и добрите практики на Црна Гора во преговарачкиот процес, дополни Маричиќ. 
Втор ден вицепремиерот Маричиќ престојува во работна посета на Франција, а во текот на денешниот ден ќе оствари средба и со Изабел Думонт, политичката советничка за Балкан на претседателот Макрон.
10.05.2022 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега