Маричиќ: Граѓаните се против промена на Уставот поради стравот кој го сее опозицијата

Долгогодишната политика на сеење на страв која што ја практикува опозицијата е причината што граѓаните во моментов се против промена на Уставот, вели за Детектор, Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој додава дека пример за тоа е Преспанскиот договор кој според него и донел само придобивки на Македонија.

 

„За жал овие податоци според мене се дело или производ на долгогодишната политика на страв која што е промовирана од опозицијата, од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, особено минатата година на која што се напластуваа сериозни слоеви на дезинформации, лажни информации и сеење страв кон граѓаните дека нам ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има некаква бугаризација, дека јазикот ќе ни биде одземен и дека со ова се прави кој знае што. Ние имавме многу слична атмосфера, можеби не волку заострена меѓутоа многу слична атмосфера поврзана и со Преспанскиот договор. Дека тоа ќе биде обезличување на Македонија, дека тоа ќе биде крај на нашиот идентитет и дека тоа ќе биде предавање на државата, продавање на државата. Но денес ги гледаме придобивките. Иако и тогаш имаше протести и заострена атмосфера во Собранието, денеска ги гледаме придобивките. 4 години откако е усвоен, од него гледаме само позитивни придобивки“ – вели Маричиќ

Потенцира дека освен патот кон ЕУ Македонија нема друга алтернатива и политичарите се должни да ги реализираат стратешките интереси. Тоа ќе се постигне според него со заедничка работа преку која ќе им се објасни на граѓаните дека Македонија нема да го изгуби својот идентитет.

21.05.2023 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега