Маричиќ: Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан

 
Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, на својот фејсбук профил објави дека Европската комисија одобрила 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Проектите предвидуваат, изградба на ветерен парк во Бограднци, изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион како и реновирање на шест хидроцентрали.
 
„Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните.
 Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и тоа:
- Реновирање на шест хидроцентрали;
- Изградба на ветерен парк во Богданци;
- Изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион) во соработка со Европската банка за обнова и развој.
 Европските фондови и странската донаторска помош е огромна значење на енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.
Како Национален ИПА координатор потенцирам дека ова е помош за државата да ги изведе реформите и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди, преку подобрување на животната средина и подобрување на инфраструктурата."- стои во неговата објава.
 

01.02.2023 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега