Маре од „Никогаш не е доцна“ со искршена глава дошол во болница - избегал од Ургентниот центар пред полицијата

Композитирот и член на жирито на шоуто „Никогаш не е доцна“, Саша Милошевиќ Маре, наводно два пати завршил во Ургентниот центар во Белград поради инцидент кој се случил во саботата вечерта.

Милошевиќ во Белград со бокс удрил во стакло во чуварска куќичка. Чуварот наводно во доцните вечерни часови го пријавил Милошевиќ во полиција дека го искршил стаклото.

„Композиторот ја исекол десната рака, а полицијата не сака да објасни што о поттикнало да го искрши стаклото. Префрлен е на Ургентен центар, но за време на дијагностицирањето си заминал“, изјавил извор за Курир.рс

Нешто подоцна истата вечер повторно дошол на Ургентниот центар, но со повреда на главата.

После пружената помош бил пуштен дома, а не е познато дали ќе биде гонет за некое кривично дело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега