Манџукиќ: Игравме како лавови, така ќе биде и во финалето

 

Стрелецот на победничкиот гол за Хрватска во полуфиналето со Англија, Марио Манџукиќ, им оддаде признание за борбеноста на сите свои соиграчи и најави беспоштедна борба и во финалето.

- Бевме како лавови, уживавме на теренот и така ќе биде и во финалето. Горд сум на сите во репрезентацијата. Да одиграш така против една Англија не е мала работа. Се уште не сме свесни што направивме. Ова го можат само големи екипи, потенцира Манџукиќ.

Хрватите синоќа во Москва ја победија Англија со 2:1 и за прв пат во својата историја ќе играат финале на фудбалско Светско првенство.

Во борбата за трофејот, в недела, противник ќе им биде репрезентацијата на Франција. 

 

 

 

12.07.2018 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа