Манчевски: Поветено работиме за просечна плата од 30.000 денари до крајот на 2020 година

Успеавме  за 2,5 години да ја зголемиме минималната плата, да ги покачиме платите во јавната администрација и тоа го ветуваме ќе продолжиме со двојно повеќе работа истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Валандово.

-Она што го ветивме – парите кај граѓаните, го правиме и го исполнивме во рокови. Првите пари од проектот мој ДДВ наскоро ке легнат на сметките кај граѓаните. Тоа се пари од државата, никогаш порано се нема случено преку ваков проект пари да завршат кај граѓаните. Минималната плата денес е 14.500 денари. Тоа значи за  5.5000 повисока од пред 2,5, години. Ние сме левичари, нашата цел е да им помогнеме на граѓаните, на работниците, на ранливите групи. Со сите овие мерки просечната плата сега е над 25.000 илјади денари а социјаната помош е зголемена за 300%, рече Манчевски.

Поветено работиме за просечна плата од 30.000 денари до крајот на 2020 година. истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“ во Валандово.

Манчевски додаде дека за 2.5 години отоврени се над 54 нови илјади работни места, пред се во приватниот сектор а невработеноста е намалена на најниски 17.5%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега