Манчевски: Потребна е реорганизација на целата институционална поставеност во системот

 

Кога ќе кажеме јавна администрација мислиме на сите вработени во јавен сектор, но тоа не е така. Јавната администрација се едвај 16.000 луѓе од сите тие вработени во јавниот сектор, другото се училишта, болници, јавни претријатија итн., вели за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, говорејќи за последните измени во законот за државни службеници.

-Во јавната администрација, и веќе ги правиме анализите, имаме и проект финансиран од страна на ЕУ за реорганизација на целата институционална поставеност во системот, покажува дека јавната администрација има недостаток на високо квалификуван кадар. Сега утврдивме дека има луѓе кои што се внатре вработени, кои што долго време седат на многу ниски работни места, за многу ниска плата. Во меѓу време завршиле високо образование. Наместо да бараме луѓе од надвор се обидуваме на овие луѓе да им дадеме шанса, имаат искуство од работење внатре во институцијата и доколку институцијата има потреба тие да бидат распоредени на повисока работна позиција. Но тоа не значи за сите веднаш. Досега таква можност немаа- вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Со Законот, вели Манчевски, на некој начин ги мотивираме институциите прво да барааат внатре луѓе па после на некои други места, со тоа што им даваме конкретен рок.

-Во одреден рок треба да им понудат некаква опција којашто не е нужно да се реализира. Можеби институцијата нема потреба, можеби човекот не сака, но опцијата постои, изјави, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, говорејќи за последните измени во законот за државни службеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега