Манчевски: Невработеноста се намалува, растот на платите е прав пат

Во своето обраќање на трибината „На прав пат“ во Кочани, потпретседателот на СДМ, Дамјан Манчевски се осврна на досега реализираните мерки што го подобруваат животот на сите граѓани.

- Преку успешни политики ја намаливме невработеноста на рекордни 17,5 отсто, има рекореден број на нови работни места,околу 50.000 се отворени, рече Манчевски додавајќи дека постојано се спроведуваат мерки за задржување на младите во државата.

- Го мотивираме приватниот сектор, со Ребалансот на буџетот обезбедивме можност за субвенционирање на компаниите до 100 евра кои ќе ги покачат платите на работниците. Концептот за зголемување на платите е прав пат! – потенцираше потпретседателот Манчевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега