Манчевски: Колективниот договор се преговараше добри и тешки две години

Одговарајќи на новинарско прашање дали се работи за предизборна одлука во време кога се дискутира за реформи на администрацијата, Манчевски рече дека се работи за конкретна група на луѓе од конкретен гранков синдикат. Подвлече дека станува збор за околу 17 илјади луѓе вработени во јавната администрација, што не ги вклучува вработените во образование, труд и социјала, здравство, одбрана, полиција и т.н.

– Регресот на годишен одмор или К-15, како што сите знаете е обврска според нашите закони за сите вработени во приватниот сектор. Дополнително како анти-кризни мерки од 2011 година, вработените во јавната администрација, кои што одат на службено патување тука во државата, немаат право на никаков надоместок. Затоа решивме, … дел од овие работи да ги вратиме, рече Манчевски.

Зголемувањето на платите, подвлече тој, е наша главна заложба и во таа насока и ќе продолжиме.

– Не може да очекуваме дека ќе добиеме ефикасна и квалитетни услуги, ако ги држиме платите во јавниот сектор на ниво, на кое што биле пред десет години, додека другите плати во државата растат, изјави Манчевски.

Колективниот договор за државната администрација, согласно одлуката од вчерашната владина седница, со репрезентативниот синдикат УПОЗ од страна на Владата ќе го потпише министерот  Манчевски.

Во соопштението од Владата стои дека ова е прв грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, а се утврдува и правото на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2020 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега