Манчевски и Јовановска: Дигитализацијата го подобрува процесот за добивање услуги за граѓаните и за институциите

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, на денешната прес конференција ги претставија електронските услуги што Агенцијата за вработување ги нуди на порталот за е-услуги, uslugi.gov.mk. 

Министерот Манчевски, презентираше како за само неколку минути може да се добие образец м1 и м2 од пријава и одјава во задолжително социјално осигурување. 

Останатите услуги кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, а се во надлежност на Агенцијата за вработување се: историјат на работни односи, потврда за евидентирано друго лице кое бара работа, потврда за евидентирано невработено лице, пријава и одјава во задолжително социјално осигурување и пријава за потреба од работник. 

Дополнително, како што посочи министерот Манчевски,  на порталот можат да се добијат информации за 744 услуги со сите податоци околу постапката за нивно издавање, потребните документи, време за издавање и процедура за жалба доколку има некаков проблем. На овој начин повеќе граѓаните нема да се соочуваат со ситуации каде повеќе различни институции, кажуваат различни информации за тоа што се е потребно да се добие една услуга. 

Директорката Јовановска, се осврна на тоа како со порталот за е-услуги се олеснува работата и на вработените и се намалуваат редовите за чекање на шалтерите во Агенцијата за вработување. 

„Ќе настојуваме во иднина да се овозможат и други услуги да се добиваат електронски. Прво би сакале на работодавачите да им овозможиме подигнување на списоци на вработените лица кои што тие ги имаат во нивните фирми, како и издавање на потврди за нивните вработени. Исто така, работиме на тоа целосната реализација на активните мерки за вработување да се одвива електорнски. На овој начин ќе ја зголемиме и транспарентноста и довербата во процесот на поднесување на барања и вршењето на селекција“, истакна Јовановска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега