Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил фирмата да заработи над 90.000 евра, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски како министер во МВР, имал добиено официјален извештај со констатирани неправилности, тој молчел и не го одземал овластувањето, со што директно ја злоупотребил службената положба. Инаку, на истиот овој технички центар, поминал технички преглед и автобусот на „Беса Транс’’, кој се запали во Бугарија и наши 45 сограѓани загинаа. Доколку, Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби би била и спречена. Исто така, Оливер Спасовски треба да одговори дали се има добро нафатирано тие 3 месеци со тоа што директно овозможил фирмата од Сарај да се стекне со противправна имотна корист од на 90.000 евра? Дали е точно дека Оливер Спасовски добивал сума на пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед и дали поради трагедијата во Бугарија во страв и паника од грижа на совест, го одземал овластувањето на фирмата од Сарај само три дена по трагедијата? Оливер Спасовски е уште една црна дамка на СДС, покрај Заев, Филипче, Ковачевски, Љупчо Николовски. Синоним на овие луѓе се зборовите криминал и корупција, истакна Манасиевски.

СДС мора да се дистанцира и огради од овие луѓе, ако сака да остане на политичката сцена, додава Манасиевски.

Exit mobile version