Дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДС и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Со само 2% доверба, една од најлошите статистики во светот, дел од судиите и обвинителите бараат да стигнат и до 360.000 денари плата, а за возврат наместо правда, тие стануваат активни чинители на неправдата, вели Манасиевски.
„Со кое лице овие правосудни органи, бараат зголемување на платите, дури поголемо и на оние најразвиени држави, кога за украдени 150 ќебапи се добиваат 3 години затвор, за кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што живи горат 14 сограѓани, директорите на болницата добиваат по 1,5 година затвор. Секако, тогашниот министер за здравство, а сега актуелен претседател на СДС, Венко Филипче, кој е директно одговорен за овој случај, не е повикан ниту на разговор“, , посочи Манасиевски.
„Со кое лице бараат истите од 160.000 па се до 360.000 денари плата, кога годишно работат предмети под европскиот просек. Македонските судии и обвинители, работат годишно околу 170 предмети годишно, а просекот е нешто над 200 предмети.
Со кое лице овие судии и обвинители бараат зголемени плати кога поранешни Врховни судии, членови на судски и обвинителски совет, се фатени со мито, па на крај се спогодуваат со други судии, за да не одлежат казна? Каде е тука правдата и одговорноста? Кој вели дека овие што им досудиле спогодба нема и понатаму да одработуваат и да се спогодуваат и со други криминални и корумпирани структури?
Поголемиот дел од судството и обвинителството се чесни и докажани луѓе во својата област. Но, не можат да дојдат до израз токму од овие корумпирани и до гуша заглавени судии и обвинители, кои одработуваат за една или друга партија, или за Струмичко Муртино или Кичевски Зајас?
Потребни се реформи, а не зголемување на платите. Секако нашите правосудни органи земаат едни од највисоките плати во регионот, а имаат само 2% доверба“, истакна Манасиевски.
Актуелно
- Шок во студиото: Водителот Огњен Амиџиќ се појави во здолништа
- Војна на прагот во Венецуела: Америка преместува голем контингент авиони за специјални операции во Карибите
- Чувајте се на овие три знаци: Астрологијата открива кој има најголема склоност кон одмазда и манипулација
- Силен земјотрес ја погоди Романија
- Што ви носи 2026 година според датумот на раѓање? Дознајте кој ќе има најмногу среќа, а кој мора да постави граници
- Потврдена смртта на началникот на Генералштабот на Либиската армија и неговата придружба во авионската несреќа во Турција
- (ВИДЕО) Снимен моментот на падот на авионот во Турција: Огнена топка лебди на небото
- Позната ѕвезда на TikTok почина на 78 години

