Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе сериозни обвинувања за начинот на кој функционирало Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Според него, институцијата работела под директна насока на Зоран Заев и Оливер Спасовски, а врз обвинителите бил вршен жесток притисок за тоа кои лица треба да бидат опфатени со истрагите.

Манасиевски се повика на сведоштвото на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, која тврди дека била отстранета од работа бидејќи одбила да ги прошири обвиненијата по желба на тогашен советник на Спасовски.

Манасиевски во своето обраќање истакна:

„Советник на Оливер Спасовски во канцелариите на СЈО и кажал на обвинителката Кадриу дека треба да се прошири опсегот на лица во случајот на кој работела. Откако таа не го прифатила ова, за кратко време била избркана. На овој начин СДС, Заев и Спасовски раководеле со СЈО преку Катица Јанева.“

Според ВМРО-ДПМНЕ, обвинителите Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефанова ги работеле предметите додека Јанева била само координатор без познавање на материјата, а целиот систем бил поставен за исполнување на политички желби.

Exit mobile version