Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, вели Манасиевски.
„Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев.
Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС“, истакна Манасиевски.
Манасиевски посочи дека е очигледно дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче.
„Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи“, рече Манасиевски.
Актуелно
- СДСМ: Нема пари ниту за минимална плата, ниту за пензионерите
- Усвоен предлог-законот за Судски совет на второ читање
- Шкотска: Авион се судри со камион за гориво
- СДСМ: Мицкоски сите тендери си ги собра за себе
- Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата е опасен преседан кој го кочи европскиот пат
- Невреме во Франција: Евакуирани десетици луѓе во Монпелје, градот е под вода
- Почнаа гужвите на границите: Над 36.000 македонски државјани се вратија дома за викендот преку Табановце
- МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

