Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .
По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна Манасиевски.
„ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.
Иако Филипче призна дека златната виза е последица на работен ангажман во некаква си болница во Дубаи и вети дека тоа ќе го докаже, јавноста не виде никакви документи.
Јавно го прашуваме Венко Филипче, каква е неговата улога во изградбата на 40катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво? Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради? Од каде му пари на Венко за да си дозволи толку голем влог, со оглед на тоа дека тој самиот кажува дека има досега работено како доктор и како пратеник? Дополнително, Филипче треба да одговори на чии име се води станот за кој Томе Аврамски вели дека е во негова сопственост?
Додека Венко и Заев продаваат грижа, морал и достоинство во државата, од друга страна гледаме како се расфрлаат со милиони за изградба на 40катница, и тоа не било каде, туку во Дубаи.
Го повикуваме ЈО да го истражи случајот“, посочи Манасиевски.
Актуелно
- ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандардии не ги надминуваме законски дозволените лимити
- ДЗС со строги правила за новогодишните забави – еве што мора да почитуваат сопствениците на локалите
- Падна криминална група: Кај тројца млади прилепчани пронајдени автомати, пиштоли, кокаин и амфетамини
- Спречен масакр за празниците: Турската полиција уапси 115 терористи на Исламска држава
- „Чичко прскај повеќе, поубаво дишеме“: Потресно сведочење на соседот кој ги спасувал децата од огнениот пекол во „Пулс“
- Зекирја Таири доаѓа на местото на Беким Сали, ДИК го потврди новиот мандат
- Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија
- Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

