Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .
По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна Манасиевски.
„ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.
Иако Филипче призна дека златната виза е последица на работен ангажман во некаква си болница во Дубаи и вети дека тоа ќе го докаже, јавноста не виде никакви документи.
Јавно го прашуваме Венко Филипче, каква е неговата улога во изградбата на 40катницата на Заев, за која сите слушнавме сведоштво? Дали златната виза на Венко во Дубаи е резултат на тоа што Венко Филипче е бизнис партнер на Зоран Заев во градење на згради? Од каде му пари на Венко за да си дозволи толку голем влог, со оглед на тоа дека тој самиот кажува дека има досега работено како доктор и како пратеник? Дополнително, Филипче треба да одговори на чии име се води станот за кој Томе Аврамски вели дека е во негова сопственост?
Додека Венко и Заев продаваат грижа, морал и достоинство во државата, од друга страна гледаме како се расфрлаат со милиони за изградба на 40катница, и тоа не било каде, туку во Дубаи.
Го повикуваме ЈО да го истражи случајот“, посочи Манасиевски.
Актуелно
- (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
- Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
- Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза
- За викендот снег, потоа доаѓа вистинска пролет
- Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија
- Нема веќе бесплатно разгледување: Продавниците почнаа да наплаќаат „влезница“ – ако не купите ништо, плаќате 25 евра
- „Вашата ќерка е во болница со скршеница“: Неготинчанка платила 3.000 евра за лажна операција
- Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници


