Малолетникот од Кочани чиј татко се закануваше со убиство фатен како краде во Штип

Малолетниот Ром од Кочани чиј татко неодамна се закани дека ќе убива , деновиве крадел низ куќи во Штип. Надзорните камери на штипјанка го лоцирале како влегува и со украденото излегува од нејзиниот дом, пишува ТВ Стар.

- На ќерка ми тоа се случи што и ја ограбија куќата, но детето е од Кочани затоа што оперираше во Кочани а сега почна и во Штип. Пари, палта на деца, ранци, алишта, се собрал и мобилни, таблети, часовници се живо е собрано од дете што пред два месеца беше во Кочани чиј родител се закануваше со оружје и така. Ќерка ми има камери и се но сега децата се плашат, не смеат ни дома да си отидат за да спијат, рекла таа во изјава за „ТВ Стар.

Според нив снимките биле кристално чисти и на полицијата и била доставена веднаш по што таму констатирале дека се работи за малолетникот чии кражби во Кочани пред неколку недели направија вистински хаос.

Сниката која тогаш беше објавена наиде на низа реакции во јавноста.

Тогаш малолетникот наводно бил фатен на лице место додека краде, а сопствениците решиле физички да се пресметаат со малолетникот, по што се огласи и неговиот тако и порача дека ќе се одмазди.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега