Малолетник заврши во болница откако паднал од мопед

Денеска во 02.50 часот во Куманово на бул.„Трета македонска ударна бригада“ малолетник од Куманово, управувајќи мопед „џилера“ со кумановски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

„Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

11.08.2022 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега