Малолетник со мотор удрил во „бмв“ на излез од паркинг во Скопје

 

МВР информира дека вчера во 19.30 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Народен фронт“, ул.„Шарски одреди“ и излез од паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Скопје и мотор „јамаха“, без регистарски таблици, управуван од малолетник од с. Пласница.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

16.08.2022 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега