Малолетник со мотоцикл удрил во двајца пешаци во Куманово

Малолетник со мотоцикл удрил во двајца пешаци во Куманово.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера попладне на крстосницата од бул. Октомвриска револуција  и ул. Иво Лола Рибар кога мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот Ж.С.(46) и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово.

Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

28.07.2021 - 13:00
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа