Малолетник со мотоцикл излетал од патот, па со тешки повреди звршил во болница во Штип

 

Малолетник со тешки повреди  пренесен во болница во Штип, откако со мотоцикл излетал од патот.

На 26.07.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Виница - Берово, на место викано „Дивидија“, атар на с.Митрашинци, беровско, мотоцикл „јамаха“, со беровски регистарски ознаки, управуван од 17 - годишник, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега