Малолетник со автомобил прегази мотоциклист во Велес

Вчера во 17.50 часот во СВР Велес, било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во с.Иванковци, велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од малолетник и мотоцикл управуван од Ѓ.Д.(33), двајцата од с.Иванковци, велешко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

25.06.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега