Малолетник од Скопје нападнат од 4 лица додека шетал со другар

 

Малолетно момче било нападнато од 4 непознати лица, информира МВР. Вчера во 01:15 часот во СВР Скопје, 44-годишниот А.Е. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01:10 часот на бул.„Кузман јосифовски Питу“ неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четири непознати лица. Според пријавеното, неговиот син бил нападнат додека шетал со свој другар, кој успеал да побегне. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа