Малолетник од Гостивар бил физички нападнат и ограбен

Вчера во 14.10 часот и во 15.40 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране.

Тие се сомничат дека со уште едно лице, на 25.10.2021 на ул.„Боге Велјановски“ во Гостивар, физички нападнале малолетник од Гостивар и му одзеле мобилен телефон и пари.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МАКФАКС

27.10.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега