Вчера во 13:45 часот во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода 15-годишник од с.Дебреше и Ф.Џ.(20) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „Кражба“.
Претходно, во ОВР Гостивар, Д.Ц.(44) од Гостивар пријавил дека околу 13:30 часот лицата биле затекнати во манастирот „Преображение Христово“ како одземаат пари оставени на иконите, по што ги вратиле парите.
Според пријавеното, двајцата на безбедносни камери биле забележани дека и на 30.05.2026 извршиле слична кражба.
Тие биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
- Пожар пред бугарската амбасада во Скопје: Опожарени два автомобили
- АПИС: Јавната расправа е можност да ја аргументираме штетноста напредлог законот за игри на среќа
- Приведен 57-годишен кичевец: Полицијата му го одзеде „цитроенот“
- Мицкоски: Од следната недела очекуваме значајно намалување на цените на горивата
- Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите
- Голема полициска акција на патиштата: Уапсени 17 возачи, меѓу нив и малолетници
- Лажен лекар од Македонија приведен во Врање – мамел граѓани за пари
- Ѓорѓиевски: Започна санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба


