Малолетниците во Австралија ќе имаат пристап до социјалните мрежи само со амин од родителите

 

Австралија планира да воведе одредба со која се бара родителите да се согласат за користење на социјалните мрежи од лицата помлади од 16 години.


Според предлог-законот што денеска беше објавен, компаниите што стојат зад социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) доколку не ја почитуваат одредбата.

Си-Ен-Ен пренесува дека компаниите што стојат зад социјалните медиуми, како што се форумот Reddit и апликацијата за запознавање Bumble, исто така, ќе треба да преземат одредени мерки за да можат да ја утврдат возраста на корисниците.

 
25.10.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа