Малолетници со мопед се забиле во паркирано возило во Битола
Двајца малолетници со мопед се забиле во паркирано возило во Битола.
-Вчера во 22.20 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола мопед марка „ап-6“, управуван од 17-годишник, удрил во паркирано моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник на мопедот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола, велат од МВР.
Од страна на увидна екипа бил извршен увид на местото на незгодата.
04.08.2020 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа