Малолетници се степале во Радишани - едно дете повредено

Малолетник се здобил со повреди при тепачка во Радишани, објави МВР.

„На 12.09.2021 во 23:30 часот во СВР Скопје, В.С.(38) од Радовиш пријавил дека околу 16:00 часот во спортска сала во населба Радишани во Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе малолетници, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од неколу лица, при што еден од нив му нанел повреда со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

13.09.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега