Малолетници дивееле во двор на училиште во Скопје

Малолетници се испотепале во двор на школо во Скопје, а настрадал и млад скопјанец кој се обидел да ги раздвои.

МВР информира дека во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на училиште на улицата „Петре Георгиев“, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од една страна и други двајца малолетници од друга страна, сите од Скопје, при што едниот малолетник физички го нападнал и 28-годишниот И.А. од Скопје, кој се обидел да ги раздели.

Сочинети биле записници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега