Малолетничка со автомобил удрила во виљушкар

 

Малолетничка се здобила со повреди откако управувајќи автомобил  удрила во паркиран виљушкар.

„Несреќата се случила во кругот на гостиварска фабрика на излезот од Гостивар.Со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот 18-годишен сопатник, а двајцата биле пренесени во гостиварската Општа болница 'Ферид Мурад'“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

18.08.2022 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега