Малолетничка од Скопје насилно била донесена во Тетово и нападната

 Несекојдневен случај на насилно однесување и физички напад е пријавен во тетовската полиција од страна на малолетничка од Скопје. Таа вчера пријавила дека во саботата насилно била донесе во Тетово.

-На 16.05.2021 во 10:00 часот во СВР Тетово малолетничка од Скопје во присуство на педагог од Центарот за социјални работи-Тетово пријавила дека на 15.05.2021 во село Маџари после вербална расправија, со употреба на сила била однесена во Тетово, каде била и физички нападната, соопшти СВР Тетово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега