Малолетни деца пронашле граната во близина на Охридското езеро

 

Во Полициската станица Струга, вчера во 11 часот, 64-годишниот П.П. од село Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во село Радожда.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка.

 

 

 

 

12.08.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа