Малку добри вести: Озонската обвивка се подобрува, научниците откриваат какви промени тоа ќе донесе

Дупката во озонската обвивка над Антарктикот полека закрепнува, бидејчи се намали користењето на супстанци кои доведуваат до нејзино создавање. Затоа најмногу заслужно е потпишувањето на Протоколот во Монтреал во 1987 година.

Поради озонската дупка настанале и големи промени во ветровите над јужната хемисфера, сметаат научниците. Поради оштетувањето на озонската обвивка воздушните струи се движеле кон југ, но се чини дека сега се се одвива обратно.

Истражувачи од Универзитетот во Короларди велат дека веројатно станува збор за привремена промена поради растот на јаглероден диоксид и други гасови од Кина.

Пред 2000 години воздушните струи постепено се движеле кон Јужниот пол, а оние кои предизвикувале торнадо се ширеле. Тоа дополнително влијаело на создавање дожд и океански струи на јужната хемисфера поради што, да речеме, Австралија имала стравична суша. Промените на струењето во Австралија го зголемиле ризикот од суша, бидејчи врнежите се оддалечувале од подрачјето.

Научниците со помош на компјутерски симулации утврдиле дека воздушните струи престанале да се поместуваат кон југ откако озонската дупка почнала да се намалува.

Доколку поместувањето кон југ се измени, тоа би донело врнежи назад во таа земја.

Минатата година озонската дупка над Антарктикот била со најмала големина уште од 1982 година, но тоа било само привремено.

Се смета дека причина за тоа биле невообичаено благите температури во тој дел од атмосферата.

Озонската обвивка се наоѓа од 11 до 40 килоемтри над Земјината површина и служи како заштита од Сончевото зрачење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега