Малиот Коља од Русија се изгубул во шума полна со волци и мечки - подоцна објаснил како залутал

Тригодишниот Русин Коља Бархатов, две студени ноќи поминал изгубен во шума полна со волци и мечки во регионот Омска.

Коља исчезнал додека со семејството отишол да берат јагоди. Тоа не му се допаднало и им рекол дека ќе ги чека во автомобилот. После 15 минути, кога на тоа место не го пронашле, настанала паника. Помислиле дека некој го киднапирал, а набрзо започнала и голема потрага во која учествувале 700 луѓе, заедно со хеликоптери, кучиња и автомобили.

После два дена, пронејден бил како спие на километар далеку од автомобилот каде требало да ги чека родителите. Спасувачите го стоплиле и го однеле во болница.

Како што е наведено, момчето одлутало во густата шума каде живеат волци, рисови и мечки, а навечер температурата се спушта до 5 степени.

Во дивина поминал околу 40 часа, а како што рекол, вода пиел од блискиот извор.

„Тргнав по белата пеперутка, а потоа го барав тато“, објаснил Коља.

„Веднаш е ставен под терапија поради екстремната дехидрација, затоплен е и нахранет“, рекол докторот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега