Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од неговата мајка, веќе неколку дена јаде од лажичка, а не преку сонда на Детска Клиника

Значително е подобрена состојбата на единаесетгодишниот Илче, кој живееше без родителска грижа и институционално запуштен. Според изјава на директорката на Центарот за социјални работи Охрид, детето не било искапено една година, а преживувало со една чаша млеко дневно. 

Како што тврдат од Детската клиника за „Слободен печат, Илче повеќе не се храни со сонда туку со лажичка, комуницира и е во многу добра состојба. Неговата позиција не е овеќе ,,фетус” позиција како кога беше донесен на Детска клиника, туку е легнат на грб и сите максимално се грижат за него. Иако не зборува, сепак им дава знаци на медицинските работници кои се грижат за него, следи што се случува на телевизија и не е агресивен. 

-Илче се уште е на Клиниката за детски болести. Лекарите и сестрите од нашата Клиника, проценуваат дека општата здравствена состојба и нутритивниот статус се многу подобрени. Направивме план за исхрана, кој се спроведува во неколку фази, од интравенска хидрација, ентерална исхрана преку назогастрична сонда, ни најважни е дека почна адаптација на перорална исхрана или ја прима храбата со лажичка. Нутриционистот од Клиниката направи мени со хиперкалориска исхрана со пресметан калорики внес. Илче сега се храни преку уста, ги јаде оброците, пие течности. Се радува на благите вкусови, го сака овошјето и хиперкалориската храна со вкус на овошје. Сака да гледа телевизија, се радува на присуството на сестрите кои го негуваат, позиционираат и хранат. Сака кога му зборуваат. Клиничкиот психолог работи со Илче, се спроведуваат вежби со физиотерапевт. Згрижувањето на Илче понатаму ќе го регулираат социјалните служби. Би било добро Илче продолжи да живее со семејство кое ќе може да се грижи за дете кое има здравствени проблеми, значи предлогот на социјалните скижби за сместување во мал групен дом би бил многу прифатлив, бидејќи нема потреба од исхрана преку назогастрична сонда и нема потреба од специфични медицински интервенции. Предностите на малите групни домови за психо социјалните аспекти на развојот на децата се значитечни, вели директорката на Клиниката за детски болести доктор Наташа Алуловска за ,,Слободен печат”.

Министерството за труд и социјална политика ќе го згрижи детето во мал групен дом во Демир Капија, откако ќе помине периодот на рехабилитација од долгата запоставеност низ која поминало.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа