Малиот Ејтан е надвор од животна опасност: Тој единствениот преживеан- загина целото негово семејство, но се се сеќава на несреќата

Ејтан ќе мине уште неколку дена во болница на набљудување.

Петгодишното дете Ејтан, единствен преживеан во падот на кабината од жичницата на брдото Мотароне, на северот на Италија, добро закрепнува и денеска го напушта одделението за реанимација во болницата во Торино, известува "Ansa".

Уште неколку дена ќе биде на набљудување во болница, а потоа, како што најавуваат лекарите, ќе може да оди дома.

Малиот Ејтан нема повеќе никого, освен својата тетка.

Во несреќата, кога кабината на жичницата на брдотот Мотароне се откачила и паднала во провалија, загинале 14 лица меѓу кои и родителите, помладиот брат, прабабата и прадедото на Ејтан.

Кога бил пронајден по несреќата, се верувало дека нема да преживее бидејќи имал повреди на вратот и градниот кош, но Ејтан брзо закрепнува.

Детето не се сеќава на трагедијата, но лекарите исклучиле невролошки повреди и велат дека станува збор за пост-трауматска амнезија.

Кога се разбудил од вештачка кома, Ејтан прашал каде се неговите родители, и зошто се сите во болница.

Одговорите на овие и другите прашања детето ќе ги добива постепено, но без лажење, изјавиле психолозите кои го следат неговото закрепнување.

01.06.2021 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега