Малиот Барди ја сруши големата Барселона: Македонецот со два евроголови го победи шпанскиот шампион

Можеби не е меѓу најголемите фудбалски ѕвезди, но ќе биде запаметен од еден од најголемите клубови во историјата на фудбалот, нашиот Енис Барди ја сруши Барселона.

Шпанскиот шампион Барселона вчера беше поразена од Леванте, клубот на нашиот Барди, кој директно учествуваше во победата од 5:4, постигнувајќи два погодици.

Леванте опстанокот во елитната шпанска лига го обезбеди уште одамна, тие на коло пред крајот имаат 17 бода повеќе од 18 пласираниот Депортиво, а се наоѓаат на позицијата број 15, со можност да напредуваат неколку места доколку победат во последното коло.

Инаку, иако скоро половина сезона Барди беше во немилост на тренерите во Леванте, сепак тој заедно со Шпанецот Моралес, се најдобри стрелци на Леванте, со по 9 постигнати голови.

Вчера свое шоу со два гола, два може да се каже преубави голови, Барди имаше со големата Барселона. Неговиот тим победи со 5:4, а нашиот репрезентативец даде два гола.

 

 

 

14.05.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа