Малата Лили се капела во река, а наредниот ден ја заболело глава: Опасна бактерија почнала да и го јаде мозокот

Во недела на 8 септември, 10-годишната Лили Мае од Тексас почнала да ја боли главата, а потоа ја фатила грозница. Нејзиното семејство прво помислило дека се работи за некаква вироза, но по посета на доктор, станало јасно дека нешто не е во ред пишува Си Ен Ен.

-Стана некохеретна и нереспонзивна, па ја однесовме на Брза помош, објавија членовите на семејството на Фејсбук страницата која е отворена за нејзина поддршка.

Со опсежни анализи докторите откриле дека девојчето се заразило со амеба „Naegleria fowleri“.

„Таа амеба е кошмар на секој пациент“, изјави Кристал Ворен, вујна на девојчето Лили.

„Не разбираме како се заразила токму таа кога тој ден околу неа се бањале многу луѓе“.

Од американскиот центар за контрола и превенција на болеста објасниле дека амебата живее во топлите води како река и езера. Амебата во телото влегува низ нос, доаѓа до мозокот и таму го уништува мозочното ткиво, пишува Си Ен Ен.

Статистиката е застрашувачка. Меѓу 1962. година и 2018 година во САД се заразени 145 луѓе, а само четири преживеале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега